Денеска се одржа последната работна средба помеѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука закажана од овластениот помирувач.

На средбата бил донесен заклучокот дека двете страни на колективниот работен спор имаат потреба од поголем временски период од 10 дена со оглед на фактот дека преговорите оделе во нагорна линија.

„На денешниот состанок двете страни ја утврдија содржината на препораката според која предвидено е во дополнителните 10 дена да се утврди процентот на усогласување на платите, како и дефинирање на крајни рокови за склучување на нови колективни договори за основно и средно образование“, се вели во соопштение од Синдикатот за наука, образование и култура.

„Содржината на препораката се утврдува со цел во понатамошните преговарања да не се почнува одново туку од каде што е постигната согласност“, додаваат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.