Има некои правила кои важат за секој ресор и до нив се имам придржувано сите овие години, а тоа е одговорноста која секогаш има име и презиме и секој од нас лично е многу одговорен за задачите кои ги добива и сметам дека до последниот ден мојата задача е тоа што може да се заврши да се зaврши, вели министерката во заминување Радмила Шекеринска.

Постои една црвена линија преку која не треба да се премине, а тоа е да се сугерира кои кандидати треба да дојде на ова место. Оваа е задача на мандатарот јас ги пренесов своите размислувања. Мојот мандат го завршувам со две добри вести првата е дека е зголемен буџетот, а втората е дека Законот за служба во Армијата има шанси да биде релативно брзо донесен.Новиот министер наследува систем кој е сложен, но има резултати, вели Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.