За поместување од статус-кво состојбите секогаш се потребни вистински политичари кои сакаат да пронајдат решение и во таа смисла големата лекција што се извлече од Преспанскиот договор е дека не избираме политичари да служат како скапи огледала, туку политичари кои треба да гледаат во иднината, порача поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на обраќањето на панелот „Научени лекции и просперитет“ на „Преспа форумот за дијалог“ во Струга.

Денес за Преспанскиот договор никој не вели дека ќе го поништи. Јас не сум видела таков ниту во Cеверна Македонија, ниту во Грција. Тоа е големиот доказ за успехот на Преспанскиот договор. Дури и оние кои што беа строги критичари, сега молчат, рече Шекеринска.

Таа порача дека Преспанскиот договор нè потсети оти миротворците се оние кои што го создаваат мирот, а по јавниот отпор што го имаше во почетокот, сега јавноста може да види дека има придобивки, особено денес кога безбедноста повторно е на дневен ред.

Мислам дека нема многу луѓе кои што размислуваат што би се случило во Cеверна Македонија доколку не обезбедевме место како земја членка на НАТО. Тоа без Преспанскиот договор не беше возможно, истакна поранешната министерка Шекеринска, додавајќи дека за да биде витален Преспанскиот договор, потребен е ЕУ-контекст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.