Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри и претставникот за образование и наука од Италијанската амбасада, Марко Песцетели.

Како што соопшти Министерство за образование и наука, на состанокот се разговарало за унапредување на досегашната успешна соработка помеѓу двете земји во образованието и науката, но и за можностите за поддршка и размена на искуства.

Италијанскиот амбасадор Силвестри ја поздрави одлуката за повторно отворање на училиштата. Беа разменети искуства за сите нивоа на образование. Се согласивме и дека учењето на италијанскиот јазик е сè поважно, за што постои голем интерес кај учениците и студентите. Министерот Шаќири на средбата изрази задоволство од вклученоста на Амбасадата на Италија во голем број проекти од областа на образованието, а еден од нив е воспоставената билингвална паралелка за настава на македонски и на италијански јазик, во која се вклучени над 20 ученици во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје – информираат од МОН.

Министерот Шаќири се заблагодарил до италијанската влада за поддршката на студентите и универзитетските професори за мобилност, размена и студиски посети, за што во наредниот период, во соработка со италијанските универзитети, се отвора можноста за зголемување на бројот на студентски стипендии за одредени студиски програми кои се дефицитарни во земјава.

Амбасадорот Силвестри изрази подготвеност да ја зголеми поддршката со ресурси од различни форми со цел настава по италијански јазик да биде повеќе затсапена во основните и средните училишта – наведуваат од МОН во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.