Денешната посета на првиот човек на Европскиот совет Шарл Мишел кој доаѓа да даде поддршка за францускиот предлог потсети на случувањата пред референдумот за промена на името во 2018 година. И тогаш и сега европски емисари доаѓаа во земјава да дадат поддршка на власта.

(фото: МИА)

Откако вчера предлогот на Макрон беше поздравен од Европската комисија, денеска ова ќе биде подржано и од највиското тело на ЕУ кое ја носи одлуката за почеток на преговори.

Ова е добро познат метод на Западот. Ни дојде германскиот канцелар Олаф Шолц, а јавноста се сеќава и на доаѓањето на холандскиот премиер Марк Руте во пресрет на гласањето во Собранието за доверба на владата и „исчезнувањето“ на пратеникот Кастриот Реџепи.

Како сега што Ковачевски сега  е политичарот на кој сите сакаат да му дадат поддшка така во 2018  Заев беше европски миленик. Во Скопје се изредија Ангела Меркел, Себастијан Курц, Тереза Меј а Макрон ни испрати видео поздрав.

Сите европски лидери го убедуваа народот колку е добро да го промениме името и дека веднаш потоа без одложување ќе ги почнеме преговорите за членство.Четири години подоцна Македонија намето преговори доби уште една „Грција“ во ликот и делото на Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.