Во 3:30 часот наутро на 24 февруари 2022 година, ме разбуди звукот на мојот телефон. Безброј разузнавачки брифинзи со предупредувања за руска инвазија на Украина не можат да ве подготват за тој момент.

 

Кога претседателот Зеленски ми рече со тежок глас: „Бомбите паѓаат врз нас, ова е општа инвазија“, знаев дека целиот безбедносен пејзаж што постои од Втората светска војна засекогаш се промени. ЕУ мораше да се промени со него, и тоа брзо – пишува претседателот на Европскиот совет ШарлМишел во авторски текст  за „Јутарњи лист“.

Две години по почетокот на војната, сега е јасно дека Русија нема да застане на Украина, исто како што не застана на Крим пред десет години. Русија ја продолжува својата тактика за дестабилизација – во Молдавија, Грузија, Јужен Кавказ, Западен Балкан и уште подалеку, во делови од африканскиот континент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.