Поради високите сметки за струја кои почна да ги добива Јавното претпријатие Колекторски систем, може да дојде до еколошка хаварија на Охридското езеро, поради неможноста претпријатието да ги плати, објави Алсат М. Тоа може да доведе до исклучување на колекторскиот систем од струја. Сите препумпни станици, вкупно 18 на број, работат на електрична енергија и може сите во еден ден да бидат исклучени.
Последната сметка за струја која јавното претпријатие ја добило е 8,5 милиони денари, а претходно сметката била 1,6 милиони.
Екологистите предупредуваат дека ова неработењето на системот за прочистување на отпадната вода ќе значи директно излевање на фекалии во езерото.
Стравувањата се уште поголеми ако се знае дека доаѓа зима, а сметките за струја сигурно ќе бидат поголеми. Дополнително, јавното претпријатие има долг од околу 1 милион евра за неплатени сметки за струја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.