Претседателот Пендаровски, министерот Спасовски и претседателот на ЕПС Валадас, доделија медали за пливачите на полициските синдикални игри

Денес во Охрид министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски свечено ги отвори јубилејните 20 синдикални полициски игри на македонскиот полициски синдикат.
Полициските службеници го градеа спорскиот дух и се натпреваруваа во голем број дисциплини како фудбал, одбојка, шах…
За прв пат оваа година беше воведена и дисциплината пливање на 100 метри каде својата физичка кондиција ја проверија голем број полициски службеници и службенички од разни полициски единици.
Како почесен гостин на настанот присуствуваше и претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски кој заедно со министерот Спасовски и претседателот на македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев и претседателот на Централниот европски полициски синдикат Рикардо Валадас.
Златните медали за најдобрите во машка и женска категорија ги додели претседателот Пендаровски а најдобри беа, Сандра Јованова – СВР Штип и Љупчо Узуновски – СВР Скопје.
Министерот Спасовски ги додели сребрените медали на Фросина Милевска – Единица за брзо распоредување и Стефан Цериќ – „САЕ Тигар“.
Третите места им припаднаа на Анита Трајковска – секција на пезнионери и Примислав Димовски – Интервентна полиција.
Синдикалните полициски игри се традиционален годишен настан на репрезентативниот македонски полициски синдикат каде се гради тимскиот дух, здравата компетиција и другарувањето како вредности исклучително важни за квалитетно извршување на полициската професија.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.