Хакерски напади го урнаа сајтот на Министерството за образование. Интернет страната на МОН е недостапна од синоќа, откако сајбер напаѓачите успеале да се пробијат низ безбедносните протоколи.

Официјална потврда нема, но според информации на Сител, веб страната ја презеле бугарски и грчки хакери во два одделни напада, кои се заканиле дека ќе објават сензитивни податоци од базата на МОН.

Случајот е веднаш пријавен во надлежните институции, а интернет страната на МОН е исклучена. Од Министерството се децидни – нема место за загриженост, ниту се пробиени бази на податоци како што се шпекулира.

„МОН е во комуникација со Националниот ЦИРТ центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации каде што е пријавен случајот и од каде очекуваме со поддршка на МВР да се преземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите. Во меѓувреме ИТ службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб страницата, по што повторно ќе биде активирана. Нема потреба од грижи за наводно преземање на некакви бази на податоци на граѓаните, затоа што на веб страната не постојат такви позадински бази и истата има информативен карактер“

Дека нема простор за загриженост сугерираат и експертите за сајбер безбедност кои се запознаени со случајот.

Што се однесува до едниот од сајбер нападите, тој е извршен од хакерска група од Грција која себеси се нарекува “Netwatchers”, чии припадници по влезот на страната на МОН, го поставиле своето лого на неколку места на сајтот.

Освен профил на социјалната мрежа Инстаграм кој е заклучен, за оваа хакерска група од Грција нема други податоци на интернет.

Според Симеонов, Македонија не обрнува многу внимание на сајбер безбедност.

Последниот хакерски напад на МОН е само еден од низата кои се случија во изминатиот период. Претходно цел на хаекрите беа УКИМ, Државниот завод за статистика, ДИК, но и Бирото за јавни набавки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.