Обвинителката Катерина Коларевиќ кажа дека се очекува притвор за Мухамед Зеќири, иако вели дека немаат докази, но постојат сомнежи дека може да биде недостапен за полицијата.

Коларевиќ вели дека осомничени се и хрватски државјани, кои во моментов не се на територијата на Македонија.

Во моментов немаме доказ во формална смисла дека ќе бега, но постои сомнеж. Тоа се оперативни сознанија, кои се изнесени и доколку ги прифати судот, истите ќе бидат соопштени, кажа Коларевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.