Битолчанка на 33-годишна возраст утринава почина на Инфективно одделение во Битола, пренесува Независен. Како што информираат од Клиничката болница Битола, девојката била примена вчера вечер како сомнителна на Ковид-19.
Синоќа е примена пациентката на 33 години на Инфективното одделение во Битола како сомнителна на Ковид-19, без потврден тест. Хоспитализирана е и дадена е соодветна терапија. По влошување на ситуација преземени се реанимациони мерки. Побарана е обдукција. Според податокот од дежурните лекари во системот не се заведени коморбидитет, освен обезност. Пациентката не била вакцинирана, велат од Клиничката болница Битола.
Поради брзата и ненадејна смрт побарана е бдукција врз телото на починатата со цел утврдување на причината за смртта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.