Јетон Шаќири е нов министер за образование и наука во Владата на премиерот Димитар Ковачевски, изгласана доцна синоќа, а доаѓа од местото министер за информатичко општество и администрација. Јетон Шаќири е од редовите на ДУИ и ја наследува функцијата од која се повлече министерката Мила Царовска.

Шаќири беше пратеник во претходниот парламентарен состав и професор на Меѓународниот универзитет во Струга, каде што е роден на 17 март 1987 година. Тој во еден период ја извршуваше и функцијата директор на МЈП „Проаква“, а од јануари до август 2020 е директор на струшкото претпријатие „Водовод и канализација“.

На новиот министер за образование и наука, мојот почитуван досегашен колега Јетон Шaќири му посакувам успешна работа во извршувањето на оваа функција. Министерството за образование и наука во изминатиот период реализираше и започна реформи кои се од огромна важност за учениците, студентите и воопшто за државата, напиша поранешната министерка за образование Мила Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.