Битолчанка на 33-годишна возраст утринава почина на Инфективно одделение во Битола, пренесува Независен. Како што информираат од Клиничката болница Битола, девојката била примена вчера вечер како сомнителна на Ковид-19.

Синоќа е примена пациентката на 33 години на Инфективното одделение во Битола како сомнителна на Ковид-19, без потврден тест.  Хоспитализирана е и дадена е соодветна терапија. По влошување на ситуација преземени се реанимациони мерки. Побарана е  обдукција. Според податокот од дежурните лекари во системот не се заведени коморбидитет, освен  обезност. Пациентката не била вакцинирана, велат од Клиничката болница Битола.

Поради брзата и ненадејна смрт побарана е бдукција врз телото на починатата со цел утврдување на причината за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.