Црквата е еден од важните столбови на кои се темели нашето идентитетско распознавање!Силна и интегрирана Црква е прилог кон стабилноста и долговечноста на нашата Македонија, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод денешната литурција во Цариград.
Тој нагласува дека и порано сме се соочувале со бури и ветришта, но секогаш кога сме биле обединети помеѓу себе, заедно со народот, секогаш кога сме се бореле заедно, сме победувале и сме надминувале сѐ!
Така е и денес кога се идзвојува важна победа за нашата МПЦ-ОА!Нека биде за многу години и за слава на народот, граѓаните и нашата Македонија денешната заедничка историска литургија на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, во седиштето на Вселенската Партијаршија.Да бидеме обединети и силни на страна на интересите на Македонија.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.