Канцеларот на Германија Олаф Шолц дојде и си замина. Во првата прошетка во регионот по стапувањето на функцијата секаде кажа она што сакаа да го чујат домаќините. Па така во Србија директно од Вучиќ побара да им воведе санкции на Русите и да го признае Косово.

Во Македонија рече дека сме подготвени да ги почнеме преговорите со ЕУ и оти тој лично ќе се заложел за тоа. Навистина силни и охрабрувачки зборови.

Но, Шолц по неколку часа замина за Софија и таму пееше некоја друга песна. Тој како да заборави на она што го кажа во Скопје па според пишувањето на „славниот“ БГНЕС тој нагласил дека „Македонија треба да ги исполни сите услови“

Навистина не знаеме на кој Шолц да му веруваме, но според изјавите на претседателот и премиерот на Бугарија по средбите, очигледно е дека канцеларот климнал потврдно на бугарските услови.

Општ е впечатокот дека сегашниот канцелар е далеку од капацитетот и моќта на Меркел и не случајно Франција се наметнува како главен играч во ЕУ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.