На само неколку дена по преземањето на претседавањето со ОБСЕ, фејсбук страната на ОБСЕ во Македонија е хакирана и сега наместо за промоција на земјата и ОБСЕ служи како Виетнамски хотлајн. Срамота е кога претседаваме со Организацијата за безбедност и соработка во Европа да имаме нарушена безбедност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски и Османи не можат да обезбедат, ниту една фејсбук страница, а не пак нешто повеќе.

На што троши власта 5 милиони евра, кога државата се брука на секој чекор?

Дали и овие 5 милиони евра, ќе се потрошат како стотиците илјади евра потрошени на саемот за вино во Белград, каде наместо промоција на државата имавме шетање на државен трошок на луѓе од власта.

Со Ковачевски и Османи, наместо промоција имаме понижувања и потсмевања.

Не поминаа неколку дена откако Ахмети го пофали Османи дека министерувал со половина земјина топка и еве сега е одговорен за Виетнамски хотлајн, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Само дваесетина дена откако Македонија стана претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), македонската страница на оваа меѓународна организација на Фејсбук е преземена со хакерски напад. Од ОБСЕ го потврдија случајот, поставувајќи објава во која ги предупредуваат корисниците на Фејсбук дека евентуалните пораки кои би пристигнале од неа, не се авторизирани од организацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.