Македонската асоцијација на новинари (МАН) остро реагира на заканите, непрофесионалниот и понижувачки однос од премиерот Димитар Ковачевски кон новинарите од Телма ТВ.
Незаконски (клевета, навреда и понижување) и спротивно на сите професионални стандарди, морал и етика е односот на премиерот Ковачевски кон сите новинари и медиуми, а во случајов јавно ги понижува новинарите од Телма ТВ со квалификација дека се продале. Димитар Ковачевски е познат по постојани закани, навреди, омаловажувања и притисоци врз новинарите и медиумите, исто како и неговиот претходник Зоран Заев. Освен на Телма, ѝ се закануваше и на МРТ, Алфа ТВ, Канал 5, од собраниска говорница повика на правосуден линч против новинарот Драган Павловиќ Латас, а да не заборавиме дека оваа власт е лидер по нарачаните истраги, процеси и прогони против професионалните медиуми и новинари, велат од МАН во реакцијата.
Потенцираат дека оваа власт ќе остане запаметена како најрепресивната против слободата на медиумите и слободата на говорот.
Македонската асоцијација на новинари (МАН), како што соопштуваат од оргазнизацијата, ќе ја извести Светската федерација на новинари за сите „закани, притисоци, навреди, клевети и понижувања од власта предводена од Димитар Ковачевски и претходно од Зоран Заев“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.