Обвинителот Бурим Рустеми бара Миле Јанакиески стражарно да биде спроведен на рочиштата иако тој има уредна медицинска белешка дека има сериозни повреди. Неговите адвокати доставија медицинска документација за сите рочишта.
Така беше за „Шпански скали“ а така ќе биде и за денешното рочиште за случајот „ТНТ“.
Следното рочиште ќе биде за случајот „Топлик на 24 јануари. Рустеми и судот брзаат што поскоро да има пресуда.Доколку пак поминат 45 дена од едно до друго рочиште тогаш случајот мора да се врати на почеток.
Поранешниот министер има фрактура на колено и денеска треба да биде опериран. Тој имаше скршеница и скинат лигамент на коленото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.