Конститутивна седница одржа вчера работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, што пак е услов за отворење на кластерите во процесот на преговори со Европската Унија. Работната група има 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови од институции.

Членовите вчера едногласно ги избрале претседателот и заменик-претседателот на работната група кои се од редот на експертите. За претседател е избрана Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а за заменик претседател Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право.

Од редовите на СДСМ во групата е Цветанка Иванова, Арбр Адеми е од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партијата на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партијата за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократската партија на Турците.

Grupi punues për përgatitjen e propozim-iniciativës për nevojën për ndryshime të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut sot mbajti seancë konstituive.

Од институциите Александар Спасов е од Кабинетот на претседателот, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања и Шпенд Садики од Министерството за надворешни работи.

Од редот на експертите во групата членуваат Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја.

Опозициските партии, меѓу кои и најголемата ВМРО-ДПМНЕ и покрај повиците од власта, одбиваат да учествуваат во работната група. Остануваат на ставот дека нема да поддржат уставни измени и оти тие нема да бидат донесени за време на овој парламентарен состав.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.