Ако има превремени избори ВМРО-ДПМНЕ не само што ќе победи, туку на владејачкиот СДСМ, му претстои уште подлабок пораз од тој на локалните, изјави поранешниот министер за финансии и аналитичар, Џевдет Хајредини.

Тој смета дека најавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за блокирање на работата на македонското Собрание е легитимна и на македонската јавност многу добро познато искуство, потсетувајќи дека во минатато токму сегашниот собраниски спикер Талат Џафери, е еден од пратениците на ДУИ кои успешно ја користеле оваа методологија.

Хајредини во Дебатна емисија на ТВ Шења истакна дека, ДУИ кои се противат и остро реагираат на најавите на ВМРО-ДПМНЕ за користење на филибастеринг, се наоѓаат во многу инетерсна ситуација, затоа што опозицијата ќе применува методи кои тие некогаш ги користеле.

Филибастеринг е искуство што многу добро го знаеме. Овие се во многу интересна ситуација. Сегашната опозиција ќе применува методи кои што поранешната ги користела порано, рече Хајредини.

Тој посочи дека ако продолжи нефункционирањето на Собранието, затоа што меѓу другото, ниеден закон за кој е потребно двотретинско мнозинство не можат да го изгласат, и ако се прогласат предвремени парламентарни избори, според сите проценки ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.

Хајредини смета дека не само што ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, туку прашање и колку ќе загуби СДСМ, додавајќи дека на владејачката партија ѝ претстои уште подлабок пораз од тој на локалните избори.

Тој е сигурен и тоа е точно, ако се прогласат предвремени парламентарни избори, поради евентуалното нефункционирање на Собранието, ВМРО според сите проценки ќе ги добие изборите. И не само што за добивање ќе ги добие, туку поразот на СДСМ ќе биде уште подлабок, затоа што многу настани во Македонија за кои секојдневно сме сведоци одат на штета на СДСМ. А, за ова придонесува и однесувањето на ДУИ и фактот што СДСМ се заложници, истакна Хајредини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.