ИК на ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашната седница донесе десетина кадровски одлуки. Изберени се претседатели на општински комитети на партијата во 19 општини.

ИК на партијата именуваше нови претседатели во следните комитети: Македонски Брод – Бисера Златеска, Куманово – Бобан Николовски, Зелениково – Дејан Димишковски, Свети Николе – Илија Стоилев, Штип – Душко Иванов, Чашка – Трајче Мишковски, Пробиштип – Оливер Митев, Чешиново Облешево – Јорданчо Костадинов, Валандово – Јулија Тушевска, Пехчево – Николчо Спасовски, Карбинци – Гордана Брбашка, Градско – Александар Георгиевски, Гевгелија – Димитар Вегов, Дојран – Илија Тентов, Демир Капија – Наталија Димитриева, Новаци – Илче Трајковски, Росоман Ѓорги Крстевски, Крушево – Александра Мијајлевска Стефановска, Долнени – Сашко Велјановски.

Овие луѓе, заедно со сите членови на општинските комитети во кои се изберени ќе бидат моторот за работа за подобро, и пад на власта на СДСМ и ДУИ која ја задушува државата, велат од партијата.

Во идниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со кадровски освежувања и засилувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.