Одбраната на Миле Јанакиески бара судот да не го земе во предвид сведочењето на добро познатиот на јавноста Мирослав Грчев. Познатиот архитект и полтичар во случајот ТНТ се појави како сведок на Обвинителството а подоцна и како вештак од областа на урбанизмот. Поради тоа, одбраната нагласува дека е повредена еднаквоста на оружјата на страните во спорот.

Одбраната смета дека кај Грчев постои лична нетрпеливост кон Јанакиески која се засилила кога не му бил продожен ангажманот во Министерството за транспорт токму кога сега обвинетиот бил министер. Омразата кон Јанакиески и ВМРО-ДПМНЕ ја искажувал во своите колумни во медиумите

Затоа е доведена релевантноста на овој случај. Тој има лична нетрпеливост кон Миле Јанакиески, нагласува одбраната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.