Претседателот Пендаровски се обрати на јавноста по состанокот на Советот за безбедност во вилата Водно.

Тој рече дека се очекува на 4 февруари организирана група да пристигне во Македонија на одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Групата ќе има за цел нарушување на безбедноста со цел дестабилизација на земјата и на односите со Бугарија. Претседателот рече дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки од границата се до гробот на Гоце Делчев.

Поводот за седницата на Советот за безбедност не беше само немилиот настан во Охрид, бидејќи тоа е само мал дел во мозаикот. Според достапните анализи и сознанија, се работи за организирани активности од страна на структури во Бугарија, кои се активирани по усвојувањето на преговарачката рамка во јули минатата година. Овие структури се мобилизирани, логистички и финансиски, за да го поддржат организираното доаѓање на повеќе лица на 4 февруари кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев. Според сите проценки, тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи не смеат да бидат неми набљудувачи на тоа што се случува“, додаде Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.