Министре Тупанчевски, премиере Димитар Ковачевски, мене нешто овде ме буни, им се обраќа уредникот Бранко Героски, потенцирајќи дека според неговите информации, командирот на затворската полиција во „Идризово“, Срѓан Поп Димитријевски, обвинет за организирање на бегството на осуденикот Беким Мемети, бил примен во затворот кога директор таму бил Јовица Стојановиќ.

Стојановиќ, пак, по разрешувањето на досегашниот директор на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, денеска е именуван за в.д. директор на Управата.

Чек сеа… Човекот што го примил Димитријевски сега е шеф на затворите?
Нешто тука не ви смрди?
Ако моите информации се погрешни, однапред се извинувам. Ама, убаво би било да си го проверите, вели Героски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.