Јавен апел до премиерот на Република Македонија, министерот за здравство во владата, директорот на болницата во Штип и сите одговорни во одделенијата во болницата испраќа вечерва градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, споделувајќи за последниот од многуте случаи на страдање и агонија низ кои поминуваат пациентите од Источна Македонија, кои судбината ќе ги доведе до штипската болница.

Кога ќе се однесе пациент во болницата во Штип со посериозни проблеми јавна тајна е дека назад се враќа во погребaлно возило
Студено, кревети и постелнина од 19 век….. за храна да не зборуваме….и таа што ја има нема кој да ги храни луѓето….несменети памперси…крв…
Зборувам за отворени рани за неполни 9 дена …
Лично сум сведок, дека наместо да се излекува пациентот , пациентот се враќа во вегетабилна состојба.
Товарот е на семејството.
Зборувам од име на функцијата градоначалник на соседната општина.
Како е на обичните граѓани и пациенти.
Пациент во стабилна состојба да го отпуштат по десетина дена во ,,страшна” состојба со отворени рани и во несвесна состојба.
Дали имаат чувство спрема пациентот и неговото семејство…..
Уште еднаш апел до сите одговорни во нашата ни држава во ресорот ЗДРАВСТВО дека животот нема цена.
Одговорност мора и треба да има ,од секој одговорен за секој пациент посебно.
Се изнагледав многу работи во последните денови во болницата во Штип.
Ова го пишувам од лично искуство но и од искуството на многу мои сограѓани.
Со господ Бог напред…, пишува тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.