„Браќа и сестри треба да знаете дека нашата дипломатија е успешна дипломатија и дека треба да ја чуваме, таа со успех го одработи позиционирањето на Македонија на светската политичка рамка, таа го одработи зачленувањето на Република Македонија во најголемиот број на меѓународни организации. И таа го одработи воспоставувањето на дипломатски односи под нашето уставно име со две третини од државите во светот, а тоа се речиси 140 држави под името Република Македонија“, потсети Зоран Дабиќ на денешниот протест „Ултиматум, НЕ благодарам“.

Тој  посочи дека доаѓа од дипломатски синдикат.

„А, она низ што денеска проаѓаме во МНР го нарекуваме бујаризација на МНР. Тука и таму некој ќе се згреши и ќе се излаже па место Ј ќе каже Г ама нема голема разлика. По двегодишната катастрофа во ликот на Бујар Османи, МНР треба да знаете ги живее своите најтешки денови. Дипломатите жестоко се заплашуваат, се казнуваат и се бркаат од работа се со цел да се замолкнат оние што размислуваат со сопствена глава и оние што не прифаќаат да му бидат обичен декор на министерот Османи и параван за покритие на неговите активности“, нагласи Дабиќ.

Дабиќ побара оставка и одговорност од министерот Бујар Османи за неговите предавства.

„Денес Mинистерството за надворешни работи е киднапирано од страна на Бујар Османи, со жестоки репресивни мерки раководството се обидува да ги држи дипломатите во покорност и зависност. Но, тоа нема да помине“, рече Дабиќ.

Тој додаде дека дипломатскиот синдикат јакне од ден на ден. И членовите на синдикатот и денеска се на протестот.

Бујар ве лажеше дека високите дипломати го виделе францускиот предлог и го анализирале. Тоа не е точно“, нагласи Дабиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.