Ако спорот со Бугарија од билатерален стане европски тоа е спротивно од копенхашките криетерими. Со тоа се праќа порака дека никогаш нема да станеме членка на ЕУ, јасен е политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.

Тој забележува дека пред Бугарија имавме вето од Франција и дека треба да се биде внимателен во следниот период.

Македонското членство во ЕУ имаше најголема национална поддршка.Но, сите  проблеми на Унијата се прекршувааа на  грбот на Македонија.Ова никогаш не барало од некоја  земја и на ваков начин  се праќа порака дека никогаш нема да станеме членка и се губи смислата на преговорите -анализира Божиновски за „Република“.

Според него, сигнал дека најавата на „БГНЕС“ можеби нема да помине е одлуката на претседателот на Бугарија Румен Радев, кој е главен кочничар,  да не патува на средбата со Макрон бидејќи немало напредок во преговорите со Македонија. Затоа, во Париз ќе оди само премиерот Петков кој и онака има грижи внатре во коалицијата и влада која лесно може да падне.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.