Седум проценти да не попишете, а да тврдите како влада и институции дека е успех, не е успех, порача денеска во „Утрински брифинг“ професорот и аналитичар Петар Атанасов.

Не може да не попишете 130.000 луѓе. Кои се тие 132.000 луѓе? Ако му веруваме на Павле Трајанов, дека најголем дел се Македонци, тогаш не се точни и вкупните податоци за етничката припадност на населението, Македонци тогаш има многу повеќе од официјално наведните 58,44 проценти. Има големи прашања околу пописот, некои се технички, но може да зборуваме и за политика, рече Атанасов.

Според него проблематично е попишувањето на дијаспората, процес кој е сосема непотребен да се направи во моментот со пописот на населението, становите и домаќинствата во Македонија.

Зошто се попишуваше дијаспората? Кој ѓавол ги тераше во овие 30 дена да ја попишуваат дијаспората, кога не можат 100.000 луѓе да пронајдат во оваа држава. Па во 2011 беше прекинат пописот во 10 ден, а битката беше дали ќе се попишува дијаспората, потсети Атанасов и додава дека тоа е круцијално прашање и има простор цела година да се попишува дијаспората. Се појавија суштински прашања, не може директорот да дава политички одговори, вели Атанасов.

Тој се осврна и на прашањата поставувани во пописните листи кои оставија простор граѓаните да се декларираат по етничка припадност, религиска припадност и културни карактеристики, што во суштина не го бара ЕУ од државата.

Не се наивни овие бројки зошто на Балканот носат до историски пресврти, резимираше Атанасов и посочи дека внимателно треба да се податоците и да се направи суштинска анализа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.