Во земјава има вкупно 538 348 семејства, од кои 62 проценти живеат во урбана, а 38 проценти во рурална средина. Според семејниот состав најмногу – 43 проценти од нив се брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, додека 31 процент се брачни парови без деца, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Над 26 илјади семејства или 4.9 проценти од семејствата се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години, а над девет илјади семејства или 1,7 проценти се сам татко со најмалку едно дете под 25 години

Над десет проценти или околу 58 илјади семејства се брачни парови со најмладо дете на 25 години или постаро што живеe со нив.

Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3.1.

Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468 336 лица или 25,5 проценти живеат во четиричлени домаќинства, додека бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5,6 проценти.

Бројот на населените станови во земјава, според податоците од Пописот 2021 изнесува 531 987 или 63,4 проценти од вкупниот број на станови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.