Сликарството има моќ да учи. Без учење, нема сликарство. Рефлектирањето вон сликарството е утопија. Рефлектирањето во сликарството е историја или повеќе можни истории. Еднаш напишав: ‘Предзнаењата се одлични’ и ‘Легендите се за читање’. Сега дополнувам: ‘Читајте ги сликите на Чатмов!’”, напиша професорот Гоце Наневски во најавата на најновата изложба на уметникот Трајче Чатмов.

Создавањето уметност врз почва полна со ‘храна’ е убаво. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да го има предвид времето во кое е создадена таа. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да ги има предвид општествените услови во кои е создадена таа. Нема добри услови за создавање уметност. Добрите услови се отаде уметноста…”

Изложбата на Чатмов која претставува продолжување на циклусот насловен „Интимно понирање“ ќе биде изложена на 3 мај со почеток во 20 часот, во „Ел Греко“ во Скопје, една од првите професионални галерии во Скопје која игра важна улога во промовирањето на македонската современа уметност.

Ќе бидат изложени 20-ина дела работени во последната година, во техниката акрил на платно. Јавноста ќе има можност да види слики кои досега не биле изложени и кои се продолжување на циклусот ‘Интимно понирање’, но и слики со една нова колористична гама“, вели уметникот Чатмов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.