Илјадници свеќи синоќа ја осветлија сцената на Македонската филхармонија на премиерното издание на првиот „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар „Профундис“ на кој како солист настапи реномираниот виолинист со светска слава, Марио Хосен.

Присутните беа сведоци на маестралната изведба на Симфонија за гудачи бр 3/ Traveling drams III и IV став од Филип Глас, St. Paul’s suite за гудачки оркестар на Густав Холст, Четирите годишни времиња од Вивалди и I Papiti on.13 за соло и виолина од Николо Паганини.

Овациите и стоечките аплаузи три пати го вратија на сцената Хосен кој е познат по  својата неверојатна виртуозност и харизматично сценско присуство.

Хосен е австриски виолинист со бугарско потекло, кој се смета за  еден од водечките толкувачи на музиката на Николо Паганини. Меѓународно признатиот солист настапувал со реномирани оркестри како Лондонскиот филхармониски оркестар, Виенскиот симфониски оркестар, Чајковски симфониски оркестар, Оркестарот на миланска скала, Виенскиот камерен оркестар, Англискиот камерен оркестар, симфонискиот оркестар на Мексико, Радискиот симфониски оркестар на Прага…и многу други, а синоќа и македонската публика уживаше во изведбата на Хосеин, кој се нарекува Паганини-специјалист пар екселанс.

Концептот на „Candlelight“ – концерт под свеќи е светски познат тренд кој за првпат синоќа беше поставен на сцена пред македонската публика. Музичките критичари го опишуваат како уникатно искуство каде традиционалниот концертен амбиент се трансформира во хипнотизирачка музичка симбиоза облеана во топлиот сјај на свеќите. Интимниот амбиент овозможува подлабока врска помеѓу публиката и изведувачите, создавајќи извонредно концертно искуство.

Камерниот оркестар „Профундис“ е уметнички состав кој постои веќе три години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри – Националната опера и балет и Националната филхармонија.

Продолжуваме со идејата дека камерниот оркестар „Профундис“ ќе биде иновативен, креативен и модерен. Овој пат со концерт под свеќи којшто во моментот е вистинска атракција во 173 града ширум светот, а премиерно со овој концерт списокот се проширува и со Скопје. На наше големо задоволство како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, кој ќе ги изведе четирите годишни времиња од Антонио Вивалди, како и виртуозното дело од Никола Паганини – „I Palpiti“ кое многу ретко се изведува поради специфичната техничка виртуозност и спаѓа во топ 10 најтешки дела за изведба на виолина. Дополнително на концертот ќе има и праизведба на дело од Филип Глас. Овој концерт е повеќе од обична изведба – тоа е извонредно искуство на уникатноста на нашите сетила и универзалниот јазик на музиката!“, изјави маестра Дашиќ.
Марио Хосен, познат по својата неспоредлива виртуозност и волшебно сценско присуство, ги краси престижните сцени ширум светот заедно со врвните оркестри, вклучувајќи ги Лондонската филхармонија, Виенскиот симфониски оркестар и многу други. Со голема страст за светското музичко наследство, стручноста на Марио се фокусира на Николо Паганини, правејќи го како еден од најистакнатите толкувачи и авторитети за изведување на музиката на Паганини, велат од „Профундис’.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.