Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на Споменикот „Ослободители на Скопје“, Владата денеска ќе ги одбележи Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа – 9 Maj.

Владината прес-служба соопшти дека делегација предводена од Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерка за правда, во 11 часот ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта Бутел, Скопје.

Во 12:00 часот, владина делегација предводена од техничкиот премиер Талат Џафери, министерот Пенов и заменик министерка Аврамовска Мадиќ, ќе положи цвеќе пред Споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република  Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.