На нешто повеќе од 90% од обработените гласови на парламентарните избори, веќе се наѕира новиот парламентарен состав, кој ќе работи во корист на граѓаните во наредните 4 години.

Доминантна партија во Собранието ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, односно коалицијата предводена од оваа партија. На 11 парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ обезбеди 59 мандати.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието влегуваат со најмногу жени, 23 пратенички:

ИЕ 1 – 10 мандати: Христијан Мицкоски, Гордана Димитриеска-Кочоска, Љупчо Димовски, Синиша Стојаноски, Бети Стаменкоска-Трајкоска, Тони Јаревски, Иван Живковски, Љупчо Пренџов, Марија Митева, Иванка Василевска.

ИЕ 2 – 9 мандати:  Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ, Бобан Николовски, Бојан Стојаноски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска.

ИЕ 3 – 14 мандати: Драган Ковачки, Никола Мицевски, Рашела Мизрахи, Игор Здравковски, Никола Коњановски, Благица Ласовска, Миле Лефков, Даниела Христова, Марија Петрушевска, Душко Иванов, Александар Јамалов, Драгана Бојковска, Емил Спасовски, Драгана Арсова.

ИЕ 4 – 13 мандати: Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Ели Панова, Дејан Проданоски, Зоранчо Јованчев, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Златко Пенков, Моника Трајанова, Јулија Тушевска, Жан Дрвошанов, Петар Марков, Билјана Кузманоска. 

ИЕ 5 – 10 мандати: Ѓорѓија Сајкоски, Олга Лозановска, Сашо Донев, Пеце Милевски, Јован Јаулески, Лидија Петкоска, Мевмед Џафери, Кире Божиновски, Силвана Ангелевска, Грација Бакраческа.

ИЕ 6 – 3 мандати: Дафина Николоска, Александар Велјановски и Валентина Марчевска.

Втората најголема македонска партија, СДСМ, освои речиси тројно помалку пратенички места, 18. Од нив, жени ќе седнат на 7 места.

ИЕ 1 – 3 мандати: Димитар Ковачевски, Моника Зајкова, Даниела Николова

ИЕ 2 – 2 мандати: Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи

ИЕ 3 – 4 мандати : Сања Лукаревска, Љупчо Николовски, Горан Мисовски, Благој Бочварски

ИЕ 4 – 5 мандати: Венко Филипче, Јованка Тренчевска, Миле Талевски, Соња Мираковска и Борче Цветков.

ИЕ 5 – 3 мандати: Јован Митрески, Бисера Костадиновска СтојчевскаМитко Трајчулески.

ИЕ 6 – 1 мандат: Славјанка Петровска

Европскиот фронт во Собранието ќе го претставуваат вкупно 19 пратеници, еден повеќе од СДСМ. Коалицијата предводена од ДУИ во Собранието ќе ја претставуваат само 3 жени.

ИЕ 1 – 2 мандати: Блерим Беџети и Илир Хасани.

ИЕ 2 – 4 мандати: Садула Дураки, Скендер Реџепи, Дијана Тоска, Ељми Азири

ИЕ 5 – 4 мандати: Зијадин Села, Муса Џафери, Арбана Пашоли и Исмаил Јахоски.

ИЕ 6 – 9 мандати: Али Ахмети, Талат Џафери, Илире Даути, Мендух Таќи, Рина Ајдари, Бејџан Илјас, Илир Демири, Сали Мурати, Фатмире Исаки

Вреди во Собранието ќе има 13 пратеници, 10 мажи и 3 жени.

ИЕ 1 – 2 мандати: Изет Меџити и Беким Сали

ИЕ 2 – 4 мандати: Африм Гаши, Ријад Шаќири, Мерита Колчи-Коџаџику

ИЕ 5 – 1 мандат: Салим Сулејмани

ИЕ 6 – 7 мандати: Биљал Касами, Беким Ќоку, Мимоза Муса, Халил Снопче, Фатмир Лимани, Саранда Имери-Стафаи и Садик Сулејмани

ЗНАМ на Максим Димитриевски, партија која за првпат ќе биде дел од Собранието, во овој пратенички состав ќе има 5 пратеници. Едно ос пратеничките столчиња е резервирано за Весна Бендевска, пратеничка во претходните состави на Собранието.

ИЕ 1 – 1 мандат: Бобан Карапејовски 

ИЕ 2 – 1 мандат: Даниел Стојчевски

ИЕ 3 – 1 мандат: Павле Арсоски 

ИЕ 4 – 1 мандат: Миле Цеков

ИЕ 5 – 1 мандат: Весна Бендевска

Левица обезбеди 6 мандати. Во Собраниските клупи повторно ќе седат Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Левица во овој состав ќе има и една пратеничка, Јована Мојсоска.

ИЕ 1 – 2 мандати: Димитар Апасиев, Реџеп Исмаил

ИЕ 2 – 1 мандат: Амар Мециновиќ

ИЕ 3 – 1 мандат: Борислав Крмов

ИЕ 4 – 1 мандат: Сашко Јанчев

ИЕ 5 – 1 мандат: Јована Мојсоска

Сепак, ова не е конечен состав на Собранието. Дел од имињата ќе станат министри и функционери во новата влада и ќе ослободат место за влез во Собранието на подолните кандидати од листите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.