Музејот на македонската борба за самостојност го одбележува Меѓународниот ден на музеите со слободен влез за сите посетители на 18 мај во редовното работно време од 10 до 18 часот.

Како дел од постојаната музејска поставка посетителите, меѓу другото, ќе можат да ги погледнат и ексклузивните амбиентални претстави на етно куќа и берберницата на Гемиџиите, музејските раритети со исклучителни париња оружје и покуќнина, специјалната тактилна изложба ФОКУС, уметнички портрети на истакнати македонски историски ликови и останати презентации на македонското историско и културно наследство.

Дел од програмата на музејот е и ретроспективната изложба „Хартии” на познатиот македонски уметник Сергеј Андреевски која е поставена во холот на Музејот на македонската борба.

Годинашната тема на Меѓународниот ден на музеите е „Моќта на музеите“.

Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, е востановен од Меѓународниот совет на музеите (ИКОМ) во 1977, со цел да се насочи вниманието на јавноста за важноста на улогата на музеите во современите општества.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.