Креативниот документарен филм на Алексис Зеленски, ПРИМО ДА КРУЗ, на 14 септември со почеток во 20 часот премиерно ќе биде прикажан во Кинотеката на Македонија. Станува збор за игран филм кој ја следи приказната на Примо да Круз кој штотуку излегол од затвор откако поминал 10 години зад решетки заради трговија со дрога, организиран криминал и вооружен грабеж. Примо го познава само светот на затворот и криминалот. Сепак, му се нуди втора шанса. Светот на современата уметност му ги отвора вратите. Низ патувањето на овој уникатен уметник, филмот го разоткрива бразилско општество кое е расистичко и гангренозно од страна на сеприсутноста на Евангелистичката црква.
– Ние редовно се среќававме, а помеѓу нас се разви однос на доверба и пријателство. Колку повеќе ми ја раскажуваше неговата приказна, толку повеќе сфатив дека тој е гласот на оние на луѓето што ги запознав во затворот и толку повеќе ми стана очигледно дека тој ќе биде гласноговорникот на овие безгласни луѓе. Спонтаноста на Примо, неговата отвореност, неговата автентичност, неговите парадокси, неговата приказна и неговите перспективи се сите елементи кои ја поттикнаа мојата желба за овој филм – вели режисерот Зеленски.
Ова е петти филм на француско рускиот режисер Алексис Зеленски. По образованието по математика во Париз, Алексис завршил магистерски студии по политички науки во Чиле. Режирал различни документарни филмови во различни земји во светот (Франција, Нигер, Русија…). Неговите филмови се прикажани на повеќе меѓународни фестивали (MIDFF Doker, Русија, Festival ImagéSanté de Liège, Louxor African Film Festival…) како и на телевизиските канали како TV5 Monde и Canal Futura. Во моментов, тој живее и работи на релација Париз и Рио и режира документарна серија за каналот CineBrasil TV на тема мигрантите во Рио де Жанеиро.
АЛЕКСИС ЗЕЛЕНСКИ
Кратка филмографија:
• For Russia, For Faith
Alexis Zelensky | Russia | 2018 | 38 minutes
• Behind the Window
Alexis Zelensky | Brazil | 2017 | 18 minutes
• Alovilasso
Alexis Zelensky | Brazil | 2016 | 49 minutes
• The Lands of Thirst
Alexis Zelensky | Colombia | 2009 | 43 minutes
LINKS
• Министерство за култура
• ФИАФ
• АЦЕ
• ИМДБ

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.