По повод празникот Василица, на 12 и 13 јануари во Националната опера и балет (НОБ) ќе се одржи традиционалниот гала оперски концерт „VIVA L’OPERA!“.

Традицијата е востановена пред повеќе од 25 години, а како што информираат од НОБ, оваа година публиката ќе има можност да ужива во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар.

Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер Дејан Прошев, светло дизајн Нино Митевски, концерт мајстор Климент Тодороски, хор мајстор Јасмина Ѓорѓеска. Ќе настапат оперските уметници Весна Ѓиновска – Илкова – сопран, Сандра Митровска – сопран, Наде Талевска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор, Марјан Јованоски – баритон и Александар Стефаноски – бас.

Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.