„Не е ниту сон“ е насловот на изложбата на слики од Владимир Илиевски што вечерва во 20 часот ќе биде отворена во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Тој ќе се претстави со нова серија слики кои се доближуваат до она што може да биде сон, а не е.

Владимир Илиевски е роден во 1989 година во Скопје. Во 2012 дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2022 година реализирал 12 самостојни изложби во: Скопје, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Бугарија) и Нови Сад (Србија). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурала, во Скопје и во Струмица. Учествувал на десетина ликовни колонии.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.