Заводот за заштита и споменици (ЗЗС) и Музеј на град Штип годинава ќе работи на археолошките локалитет во Свети Николе, Карбинци, Конче и Штип.

Директорот на ЗЗС и Музеј на град Штип, Митко Штерјов, рече дека Комисијата за оваа година прифатила 90 проценти од аплицираните проекти за финансирање од Националната програма на Министерството за култура. Посочи дека средствата се намалени, но како институција се задоволни од одобрените проекти.

-Едни од позначајните проекти се конзервација на владетелската палата на Била Зора во Свети Николе. Во доменот на заштита ги имаме проект конзервација на археолошкиот локалитет Баргала во Карбинци. Продолжуваат и истражувањата на Мантово и на Пилав Тепе, рече Штерјов.

Во текот на 2023 година ќе се реализираат и низа изложби во галеријата „Безистен“, како и чистење на Споменикот на револуцијата на тврдината Исар, кои спаѓаат во делот на музеологијата.

-Покрај започнатите проекти, имаме дел и од музеологијата, имаме неколку изложби. Една карактеристична односно убава изложба ќе биде од сите слики кои ги имаме во депото на музејот. Споменикот на револуцијата на Исарот, кој е во надлежност на општината, оваа година по одлука на Министерството ние како институција ќе ја извршиме конзервацијата односно чистењето на споменикот, рече Штерјов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.