Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С предводен од францускиот диригент Оливие Дежур, утревечер ќе одржи кино концерт со почеток од 19 часот во Кинотеката на Македонија.

Овој проект е дел од третиот семинар на институтот ФАМЕ’С наменет за млади музичари од различни европски земји и од Македонија, во чии рамки овие млади луѓе имаат можност да се обучат и да го практикуваат и усовршат своето знаење во делот на оркестарското свирење и музицирање, да се запознаат со различни стилови во областа на симфониското музицирање, како и филмската и медиумската индустрија.

На репертоарот на концертот е проекција на немиот филм „Авантурите на Принц Ахмед“ кој се смета за првиот анимиран филм во историјата на филмската уметност и концертна изведба во живо на оригиналната музика од истиот.

Филмот се заснова на приказни од популарното дело „Арапска ноќ“ и го следи патешествието на Принцот Ахмед.

Како дел од проектот минатата година се одржаа неколку семинари, каде се работеше на класичната, филмска и хибридна музика, Carte Blanche како и мастерклас за студиско снимање. Во нивни рамки се одржаа неколку концерти и тоа во Скопје, концертот во Филхармонија, раководен од Маестро Бенџамин Шварц, потоа концертот во соработка со ECSA (европската асоцијација на композитори) кој се одржа во Сплит, на специјалниот настан на доделување на Камил наградите, како и концертот на филмска музика во Сплит, раководени од Маестро Тимоти Редмонд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.