Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2022 година изнесувал 56.886, од кои 36.2 % се домашни, а 63.8 % странски туристи.

Во ноември се евидентирани и 124.969 ноќевања, од кои 40.6 % се од домашните туристи, а 59.4 % од странските.

Во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 38.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.2 %, а кај странските зголемувањето е за 84.5 %.

За 23.3 % е зголемен и бројот на ноќевањата, и тоа: кај домашните туристи за 3.9 %, а кај странските за 72.2 %.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.