Криминалниот октопод со Штедилницата ТАТ од Битола, доби нова современа верзија со пропаѓањето на Еуростандард банка, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Новиот криминален октопод во Македонија со Еуростандард банка не добива разрешница. Тоа е така бидејќи високи поранешни, но и сегашни функционери од антимакедонската СДС се вмешани во овој огромен криминал. И овој случај со Еуростандард банка како тој за ТАТ се случува во време кога на власт е антимакедонската СДС, како и тогаш така и сега вмешани се високи функционери од СДС. Власта предводена од антимакедонската СДС јавно да објави кои струмички фирми се вмешани во овој криминал? Исто така да одговори како овие фирми, блиски до најбогатото семејство во Струмица, а и Македонија, Заеви, добивале кредити од банката без покритие и истите не ги враќале?, прашуваат од партијата.

Од таму додаваат дека јавноста очекува одговор како овие фирми биле повластени со тоа што не ги враќале парите и сето ова било премолчувано, дали бидејќи се поврзувани со фамилијата Заеви и истите биле заштитени во криминалот кој го правеле.

-Илјадници штедачи се измамени и истите се уште чекаат разрешница за да бидат обештетени. Човечки судбини се во прашање и за овој криминал не смее власта предводена од антимакедонската СДС да молчи. Одговорност мора да има за овој огромен криминал и клопчето мора да биде размотано до крај, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.