Во просториите на АД ЕСМ се одржа чинот на примопредавање на должноста генерален директор. Новоименуваниот генерален директор Васко Стефанов ја презеде функцијата од досегашниот генерален директор Васко Ковачевски.

Во срдечна атмосфера, си посакаа многу успех и ефикасно справување со предизвиците што претстојат.

Чест ми е што сум именуван за нов генерален директор на АД ЕСМ. Денес имав продуктивна средба со досегашниот генерален директор Васко Ковачевски. ЕСМ ќе продолжи  посветено и транспарентно да се подготвува за следната грејна сезона“ – изјави генералниот директор Стефанов.

Васко Стефанов е новиот генерален директор на АД ЕСМ, откако досегашниот директор Васко Ковачевски ја депонираше својата оставка. Надзорниот одбор на АД ЕСМ ја констатираше оставката на Васко Ковачевски од должноста член и претседател на Управен одбор, со назив генерален директор, а за нов член и претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, по препорака на Владата, го избра Васко Стефанов.

Стефанов, на новата позиција доаѓа со претходно искуство од АД Водостопанство и АД Пошти на РСМ, каде што бил генерален директор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.