Владата го задолжи АД ЕСМ да започне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на проекти за изградба на гасно – водородни централи во Битола и во Неготино, информира владината прес-служба во соопштение по денешната седница на Владата.

На седницата донесена е Одлука за почнување процес за трансформација на производството на електрична енергија со гасно-водородни централи.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за економија за потребата од иницирање проекти за изградба на регионална 800MW гаснo – водородна централа Неготино и 250 – 300MW гасно – водородна централа Битола. Задолжено е АД ЕСМ да отпочне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на проекти за гасно – водородни централи Битола и Неготино), согласно Законот за стратешки инвестиции, информираат од Владата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.