Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип соопшти дека добило сознание оти поради стапувањето на сила на Законот за минимална плата од 18.000 денари, дел од работодавачите во следниот период спремаат откази на работниците поради наводно кршење на ред и дисциплина и неисполнување на нормираниот учинок од страна на работниците.

Ги повикуваме работниците да не потпишуваат никакви документи, изјави или спогодби се додека не се консултираат со правниот тим на Гласен Текстилец од Штип и да пријавуваат било какви прекршувања од работен однос, редовно да се јавуваат на своите работни места и покрај усмени укажувања од страна на работодавачите дека ќе бидат повикани на работа а сето тоа нема никаква правна потткрепа дека истите седат дома по налог на работодавачот, а не по нивна волја, велат од здружението, кое ги застапува правата на работниците од текстилната индустрија.

„Гласен Текстилец“ испраќа апел до сите работодавачи да не превземаат никакви дејствија и противзаконски работи со цел да се изиграат законите и правата на работниците, бидејќи ќе се соочат со силен отпор од страна на здружението и работниците.

Исто така, сакаме да напомениме дека нормираниот учинок е укинат од страна на Уставниот суд на РСМ и нема да дозволиме никакво враќање на поранешна состојба и ќе бидат преземени сите правни механизми кои ги имаме согласно Уставот, Законите и меѓународните ратификувани документи во согласност со Уставот на РСМ за заштита на работниците и нивните права, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.