ТЕЦ Неготино е синхронизиран на мрежа во 12:20 часот и ја засилува својата снага на производство до постигнување 90 мегавати по котел, информираат од АД Електрани на  Македонија.

Во моментов произведува електрична енергија со еден котел, додека согласно протоколот за работа на термоелектраната, активирање на вториот котел за постигнување на максимален капацитет е планирано за следната недела, по стабилизирање на системот. Вкупниот капацитет за производство не ТЕЦ Неготино изнесува 180 мегавати, односно инсталиран капацитет колку што има еден блок на РЕК Битола, соопшти ЕСМ.

Оттаму посочуваат дека ремонтните и сервисните активности во ТЦ Неготино завршија пред 24 часа, по што се пристапи кон вклучување на електраната.

По изградбата на ТЕЦ Неготино во 1978 година, ова беше прво отворање и големо ремонтирање на генераторот, прецизираат од ЕСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.