„Работниците никаде не ги слушнавме во предложените мерки на Владата, а знаеме дека согласно порастот на минималната синдикална потрошувачка кошничка само за исхрана и пијалоци ни се потребни 18.890 денари. Знаејќи дека е минималната плата 18.000 денари, треба да знае Владата дека треба да им помогне и на оние работници кои земаат пониски или најниски плати“, истакна Дарко Димовски, претседател на ССМ во гостување во централниот дневник на телевизија Сител.

Димовски додаде дека ова што денеска Владата го презентираше на прес конференцијата, ССМ првин ќе го изанализира и во среда на економискиот социјален совет ќе даде свои препораки, но и барања.

Бидејќи првото барање на ССМ беше платите на сите работници да го следат порастот на инфлацијата како и порастот на оваа синдикална минимална потрошувачка кошница.

„Во овие барања премиеро кажува никој нема да оставиме сам да се справи со ова што ни се случува, енергетска криза. Еве ние работниците сме оставени. Во пакетот на мерки се обидувам да се прочитам како работник, но не можам да се видам. Во кој дел сме ние тука помогнати? Јас не знам, ќе прашам на економскиот социјален совет“, рече претседателот на ССМ.

Тој посочи дека преку 110.000 работници се на минимална плата согласно податоците на УЈП.

„Знаејќи дека една минимална плата од 18.000 денари и една просечна плата од 31.800 денари не ја покриваат оваа минимална синдикална потрошувачка кошничка која му треба на едно четиричлено семејство да го преживее месецот, дали ова е доволен показател дека требаше баш во овие мерки од 350 милиони, како што велат од Владата да бидат вкалкулирани овие работници“, укажа Димовски.

Претседателот на ССМ рече дека државата треба да ги субвенционира работниците за да преживеат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.