Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во гостување во емисијата Економски mагазин на Алсат рече дека цената на струјата до Нова година нема да се менува. Како што додаде тој, за да остане цената во сегашните граници, треба да немаме потреба од дополнителен увоз на електрична енергија.

„Регулаторната комисија за енергетика од 2019 година не ја определува цената на ЕСМ, туку ЕСМ сам, со одлука на Влада утврдува цена со којашто се јавува на тендерот на ЕВН Хоум, така што, мислам дека сега е премногу рано да зборуваме за какви било промени на цената на електричната енергија на регулираниот пазар. За да се исполни условот, да нема зголемување на електричната енергија е да немаме потреба од увоз на струја. Сега засега, до 31 декември, нема да има промена на цената за регулираниот пазар“, рече Бислимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.