45-годишна жена од Скопје пријавила дека друга жена ја нападнала вчера во Центар, откако имале недоразбирање во сообраќајот.

„На 14.06.2022 во 17.15 часот во СВР Скопје, М.Т.(45) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице“, пишува во полицискиот билтен.

МВР соопшти дека работи на расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.