СВР Куманово поднесена кривична пријава против 35-годишниот Ш.И. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, соопшти МВР.

Пријавениот, кој е на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Идризово, заедно со уште едно лице подолг период упатувале закани кон мајка на осуденик во истиот затвор да им даде пари за да не го нападнат. Оштетената во неколку наврати им исплатила вкупно 14.965 евра“, наведе МВР.

Тие ѝ побарале уште 12.700 евра, а откако им кажала дека нема толку пари, тие физички го нападнале нејзиниот син.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.