Јавен обвинител нареди технички преглед на возилата во сообраќајката кај Росоман, како и испитување присуство на алкохол кај учесниците во несреќата, во која две лица загинаа, а три се потешко повредени. За ова попладнево информираа од Обвинителството.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа кај Росоман, во која две лица го загубија животот на лице место, а уште три лица со тешки телесни повреди и во животна опасност се префрлени на лекување во Скопје, појаснија од Обвинителството.

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издал наредба за фотографирање, скицирање и снимање на местото на несреќата.

Сообраќајката се случи утрово на патот Градско – Прилеп, кај Росоман.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.